Достапни линкови

Протест на судската администрација


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Судската администрација денеска протестира пред Министерството за правда, барајќи средба со министерот и решавање на нивното барање за зголемување на додатоците на плата за 35 проценти.

Досега нема најави за средба со ресорниот министер, информира Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ).

Од Синдикатот вчера рекоа дека доколку не се оствари средба со министерот за правда, тогаш ќе побараат оставка од него, а за следните чекори што ќе ги преземат ќе расправаат на состанок со сидникалните организации во судовите, што ќе се одржи по одржувањето на протестот.

Судската администрација штрајкува 21 ден, а минатиот петок е одржан состанок со претставници на Судскиот буџетски совет. Вработените бараат зголемување на додатоците на плата за 35 проценти исто како што тоа е регулирано кај судиите, јавните обвинители и јавнообвинителските службеници.

XS
SM
MD
LG