Достапни линкови

Хрватската опозиција бара нови избори


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Хрватските опозициски пратенички групи на Социјалдемократската партија (СДП), Лабуристите и на хрватската народна партија (ХНП) денеска побараа распуштање на Саборот и нови избори.

Пратеникот на СДП, Пеѓа Грбин, на владејачката коалиција и порача да „го прекине овој експеримент и да каже дека е готово.“

Пратеникот на Блокот на пензионерите „Заедно“, Миливој Шпика и возврати на опозицијата изјавувајќи дека нивното повикување на националните интереси претставува „себичен интерес на една политичка групација која само инсистира да се врати на власт.“

„Упатувам повик до сите да ја завршат оваа грда приказна и да го распуштат Осмиот состав на Саборот и да излезат на избори заради хрватските граѓани кои ќе ја донесат одлуката за тоа што во иднина ќе се случува со државата“, порача Грбин по паузата во работата на Саборот.

Обвинувајќи ги владејачките партии дека Хрватска „ја претвориле во политичка лабораторија за своите експерименти“, Грбин ги запраша дали „барем малку не им е непријатно заради нередите, неработата и срамот“ што им го прикачија на хрватските граѓани.

Пратениците на ХДЗ тој ги потсети дека за актуалниот премиер зборувале дека е „врвен професионалец и вонредно решение“.

XS
SM
MD
LG