Достапни линкови

logo-print

Цените во мобилната телефонија зголемени за 15 отсто


Агенцијата за електронски комоникации (АЕК) создава услови за влез на нов мобилен мрежен оператор и виртуелен мобилен оператор на македонскиот пазар, како одговор на зголемената просечна цена за минута разговор во мобилната телефонија за над 15 проценти и на мобилниот интернет за приближно 20 отсто, информира денеска директорот на АЕК Сашо Димитриjоски.

Тој посочи дека промените на пазарот на мобилната телефонија се случија со спојувањето на Македонски Телеком и Т-Мобиле и на вториот и третиот оператор Оне и ВИП, кои по преземањето и на кабелскиот оепратор Близу настапуваат како една компанија.

Димитријоски рече дека АЕК не ги прифаќа неповолните трендови и оти нема да дозволи граѓаните да плаќаат поскапо за истите услуги кои досега ги користеле поевтино. Минатата недела испратиле над 70 писма за заинтерeсираност до светски реномирани оператори за новите услови кои ги создава за влез на нов мобилен мрежен оператор и за условите за влез на виртуелен мобилен оператор на македонскиот пазар.

„Направена е темелна анализа на новосоздадениот пазар на мобилна телефонија. Утврдена е заедничка доминација на пазарот за пристап и започнување услуги во мобилни мрежи. Двата активни оператири на пазарот на мобилна телефонија беа определни како оператори со значителна пазарна моќ и им беа наметнати обврски за интерконекција и пристап и за контрила на цени“, рече Димитријоски, на отворањето на првиот јавен состанок на АЕК за 2016 година.

XS
SM
MD
LG