Достапни линкови

Клинтон прогласи победа, честитка од Обама


Хилари Клинтон се прогласи за кандидат на Демократската партија за претседател на САД, а претседателот Барак Обама и честиташе за освојувањето на номинацијата. Клинтон ја прослави победата во исцрпувачката трка со ривалот Берни Сандерс меѓу приврзаниците во Бруклин во државата Њујорк. Таа изјави дека нејзиниот подвиг е круна на долгата историја на достигнувањата на жените во стекнување на правата. Клинтон им заблагодари на насобраните, велејќи дека со гордост може да каже дека се урнати бариерите и оти прв пат во историјата жена ќе биде кандидат за претседател на САД.

Белата Куќа соопшти дека Обама и се јавил на Клинтон за да и го честита освојувањето на неопходниот број делегати за номинација. Обама му се јавил и на Сандерс, со кого ќе се сретне утре.

Претседателските избори ќе бидат одржани на 8 ноември, а противкандидат на Клинтон ќе биде Доналд Трамп од Републиканската партија.

XS
SM
MD
LG