Достапни линкови

logo-print

Времето денеска сончево со малку облаци


Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со ретки грмежи во јужните делови на земјава. Утринската температура се движи од осум до 16, а дневната ќе биде од 20 до 26 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Утре и в петок времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места, особено во западните делови од земјата.

За време на викендот ќе биде претежно стабилно и потопло, а максималните дневни температури во јужните делови од земјата ќе го надминуваат 30-иот степен.

XS
SM
MD
LG