Достапни линкови

logo-print

Чавушоглу: Турција не води директни преговори со Русија


Турција и Русија треба да ги вратат односите на претходната состојба, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Мевлут Чавушоглу.

„Засега ние не водиме никакви директни преговори на таа тема. Но од наша страна беше изразена иницијатива за такви контакти, нагласи Чавушоглу, и забележа дека Русија треба да донесе одлука за тоа дали сака да изгуби партнер како Турција или не.

Во врска со инцидентот со соборувањето на авионот Су-24 Чавушоглу истакна дека во краен случај станувало збор за нарушување на воздушниот простор на Турција.

„Имаше нарушување и ние преземавме мерки во согласност со правилата за реагирање“, смета Чавушоглу.

Односите меѓу двете земји се влошија откако турските воени сили на 24 ноември 2015 година го соборија рускиот авион Су-24 во воздушниот простор над Сирија.

XS
SM
MD
LG