Достапни линкови

logo-print

ЛДП: Создадени услови за продолжување на преговорите


Либерално-демократската партија (ЛДП) смета дека со целосното повлекување на аболицијата се создадени првични услови за продолжување на преговорите со потсредство на меѓународната заедница.

Овие преговори, како што стои во денешното соопштение од ЛДП, мора да бидат транспарентни и во нив да учествува граѓанскиот сектор и останатите политички чинители.

„ЛДП ги поддржува барањата на граѓанските организации кои настапуваат под името на „Шарената револуција“, за непречено функционирање на СЈО и отстранување на сите пречки кои им стојат на пат и доследно се залага за формирање на специјален суд, како начин за нивна целосна функционалност. Оставката на Ѓорѓе Иванов после вчерашното повлекување на аболицијата треба да биде само прашање на ден“, се вели во денешното соопштението.

ЛДП бара за време на преговорите да се разговара и за промена на изборниот модел, односно Македонија да биде една изборна единица, со отворени изборни листи.

XS
SM
MD
LG