Достапни линкови

ЕК: Лидерите итно да го имплементираат договорот од Пржино


Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ денеска изјави дека повлекувањето на аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов е голем чекор што дозволува правдта да се врати во нормален тек и Специјалното јавно обвинителство да продолжи со работа. Таа истакна дека политичките лидери итно треба да го имплементираат Договорот од Пржино.

„Ќе започнам со реакцијата на одлуката на претседателот Иванов, ја видовте и реакцијата на комесарот во која тој експлицитно ја поздрави одлуката за конечно да се повлечат сите помилувања, бидејќи очигледно ова е чекор што дозволува правдата повторно да се врати во нормален тек и Специјалниот обвинител да продолжи со работа. Но, очигледно многу време е загубено и сега е поитно од секогаш за политичките лидери да се вратат на маса за имплементација на договорот од Пржино на инклузивен принцип. Посебно e потребна брза и кредибилна акција за да се спроведат итните реформски приоритети и за земјата да се движи во вистинска насока, а тоа е кон владеење на правото и кон евроатлантскиот пат“, истакна Коцијанчиќ.

XS
SM
MD
LG