Достапни линкови

Единаесет загинати во бомбашки напад во Истанбул


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе продолжи „до крај“ да се бори против тероризмот, откако бомба експлодираше во центарот на Истанбул при што загинаа 11 луѓе и 36 беа повредени.

Гувернерот на Истанбул, Васиб Сахин денеска изјави дека седум полициајци се меѓу загинатите. Тој додаде дека експлозијата била предизвикана од бомба поставена во автомобил и била детонирана кога поминувал полициски автобус.

Нападот се случи во близина на зградата на Универзитетот во Истанбул и историските населби на градот за време на претпладневниот метеж.

Се уште никој не ја презема одговорноста за нападот.

Милитантите на Курдската работничка партија (ПКК) од јули 2015 година извршуваат напади врз војската и полицијата, кога мировниот процес пропадна.

Групата на Исламската држава (ИД) исто така беше обвинета за голем број бомбашки напади во Турција.

XS
SM
MD
LG