Достапни линкови

Турција: Нема договор со ЕУ без укинување на визите


Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Турција ќе мора да ја суспендира спогодбата со Европската унија за запирање на приливот на мигранти во Европа, доколку нема договор за визната либерализација за турските државјани, изјави денеска министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Тој исто така нагласи дека германската Влада мора јасно да покаже дека нејзиниот став не е во согласност со резолуцијата на Бундестагот, со која турскиот масакр врз Ерменците во 1915 година е прогласен за геноцид, пренесуваат британските медиуми.

Зборувајќи за борбата против џихадистите од таканаречената Исламска држава, Чавушоглу најави дека Турција силно ќе ја поддржи евентуалната операција за заземање на ирачкиот град Мосул којшто е во рацете на групата на Исламската држава (ИД).

Што се однесува до односите со Израел, според него, Турција е „еден или два состанока оддалечена од нормализацијата на односите со Тел Авив, но Израел треба да ги отстрани пречките за помошта на Палестина и Газа“.

XS
SM
MD
LG