Достапни линкови

logo-print

Хилари Клинтон најверојатно кандидат на демократите за претседател на САД


Хилари Клинтон обезбеди доволно делегати кои и ја осигуруваат претседателската номинација од Демократската партија, јавуваат американските медиуми. Тоа значи дека таа влегува во директна трка со најверојатниот кандидат на Републиканците Доналд Трамп, а освојувањето на номинацијата доаѓа во време кога американскиот претседател Барак Обама се подготвува и формално да ја прогласи Клинтон за најдобар кандидат кој би го наследил него.

Хилари Клинтон обезбеди 2 илјади 383 делегати, доволни да стане прв женски претседателски кандидат од Демократската партија, по решавачката победа на прелиминарните избори на Порторико.

XS
SM
MD
LG