Достапни линкови

ЦО на СДСМ ги поздрави политиките на Заев


Централниот одбор на СДСМ на вчерашната седница акламативно ги поздрави успешните политики на претседателот Зоран Заев и раководството на партијата, се вели во соопштението од партијата.

Централниот одбор го поздрави фактот што двата клучни предуслова што ги постави СДСМ се исполнети: се спречи одржување на криминални избори на 5-ти јуни и аболицијата целосно се поништи, се наведува во соопштението.

Централниот одбор, како што соопшти СДСМ, го овласти Претседателот и раководството на партијата да го продолжи процесот за излез од политичката криза преку обезбедување и осигурување на владеењето на правото, законите да важат подеднакво за сите, како и исполнување на условите за одржување регуларни, фер, демократски и кредибилни избори.

XS
SM
MD
LG