Достапни линкови

Времето претпладне сончево, попладне нестабилно


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дож и грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието силен северозападен ветер кој на моменти ќе достигнува до околу 70 км/час.

Утринската температурата се движи од 12 до 19, а дневната ќе биде од 21 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до силен северозападен ветер.

Утринската температура до 14 степени, а дневната ќе достигне до 26 степени.

Во наредните денови не се очекува значителна промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди и релативно свежо за овој период од годината, а во попладневните часови повторно ќе има услови за нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и засилување на ветерот.

XS
SM
MD
LG