Достапни линкови

Обама следниот месец во посета на Полска и Шпанија


Белата куќа денеска соопшти дека американскиот претседател Барак Обама за следниот месец планира тридневна посета на Полска и Шпанија, којашто може да биде негова последна во Европа за време на неговиот претседателски мандат.

Обама на 7 јули ќе патува во Варшава за да присуствува на Самитот на НАТО, пред да отпатува во Шпанија.

Белата куќа информира дека тоа ќе биде негов петти и последен самит со лидерите на НАТО.

XS
SM
MD
LG