Достапни линкови

logo-print

Собраниска Комисија: Предлогот за импичмент на Иванов неоснован


Собраниската Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија денеска оцени дека предлогот за постапка за одговорност на претседателот на државата не е основан и дека претседателот Ѓорѓе Иванов си ги извршувал своите права и должности врз основа на Закон и на Устав.

Ова во изјава за медиумите го истакна претседателот на Комисијата Зоран Илиоски по завршувањето на денешната седница на која со шест гласа „за“ и четири „против“ беше оценето дека не е основан предлогот на СДСМ за покренување импичмент против претседателот Иванов.

„Во законски рок извештајот за работата на Комисијата е поднесен до претседателот на Собранието, а потоа тој ќе покрене постапка според деловник и закон и ќе закаже седница на која ќе се дискутира за предлогот на СДСМ.

Задача на Комисијата беше да ја оцени оправданоста и основаноста, а не да суди дали е некој крив или да оценува дали е некој во право или не. Имавме два дена дискусија на која беа изнесени аргументите од двете страни и врз основа на тоа денеска се изврши гласањето, прецизира Илиоски.

Опозицијата ја иницираше постапката за импичмент на 13 април, ден по одлуката на претседателот Иванов за помилување 56 лица. На 27 мај тој ја повлече аболицијата за, како што наведе, 22 политички експонирани лица. Иванов ги упати преостанатите 34 лица кои не сакаат да бидат помилувани да си поднесат барање за поништување на одлуките кои се однесуваат на нив.

Евентуалната одлука за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорноста на Иванов треба да ја донесат најмалку 82 пратеници во Собранието на Македонија.

XS
SM
MD
LG