Достапни линкови

Продолжува судењето за случувањата во „Диво Насеље“


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

По еден месец одложувања денеска продолжи судењето за случувањата во кумановското „Диво Насеље“ од 9 и 10 мај минатата година.

Сите 37 обвинети, од кои 29 за вооружениот напад и осуммина за нивна логистичка поддршка, пред Судот не ги признаа делата за кои се товарат: терористичко организирање и тероризам.

„Други архитекти ја проектираа трагедијата од 9 и 10 мај во кумановската Дива Населба и тоа за пари“ истакна обвинетиот Дем Шеху“, додавајќи дека шест дена биле во Диво Насеље и оти не предизвикале никаква несигурност меѓу населението.

Во вторникот минатата недела Судскиот процес „Диво Насеље“ беше одложен откако судската полиција на Врховниот суд не им дозволи на новинарите и адвокатите да влезат во зградата на судот.

XS
SM
MD
LG