Достапни линкови

logo-print

Во Полска започна најголемата воена вежба на НАТО


Полска и многу други членки на НАТО ја започнаа досега најголемата заедничка воена вежба во Варшава, откако централните и источниете европски земји бараат силни безбедносни гаранции во врска со активностите на Русија, пренесува АП.

Русија посочува дека секое присуство на трупите на НАТО блиску до нејзините граници е закана за нејзината безбедност и неодамна предупреди дека ќе преземе мерки како одговор.

Во воените вежби „Анаконда – 16“ предводени од Полска, коишто започнаа денеска во Варшава, ќе бидат вклучени околу 31.000 трупи од Полска, САД и 17 други членки на НАТО, како и од пет партнерски земји.

Вежбите се дел од програмата на НАТО и се одржуваат неколку недели пред клучниот Самит во Варшава, на којшто се очекува да биде одлучено значителен број на трупи и воена опрема на НАТО да бидат стационирани во Полска и во другите балтички земји.

Овие земји особено се загрижени за вооружениот конфликт во Украина, каде Москва ги поддржува сепаратистите.

XS
SM
MD
LG