Достапни линкови

Убиени американски новинар и преведувач во Авганистан


Преведувачот Забихула Тамана разговара со бегалци во Авганистан.

Преведувачот Забихула Тамана разговара со бегалци во Авганистан.

Новинар на американското Национално јавно радио (НПР) и авганистански преведувач се убиени за врема на работна задача во јужниот дел на Авганистан.

НПР соопшти дека наградуваниот новинар Дејвид Гилки, кој ги покривал војните во Ирак и Авганистан и неговиот преведувач Забихула Тамана биле убиени на 5 јуни, кога единица на авганистанската армија, со којашто тие патувале, се нашла под оган во близина на градот Марџах во провинцијата Хелманд.

Двајца други новинари на НПР патувале со нив, но не биле повредени.

Според Комитетот за заштита на новинарите, 26 новинари се убиени во Авганистан од инвазијата на САД во 2001 година.

XS
SM
MD
LG