Достапни линкови

logo-print

За една година Турција ликвидирала 1000 курдски борци


Околу илјада курдски борци се ликвидирани при операциите на турската армија во областа на градовите Нусајбин и Шарнак во југоисточна Турција, каде што последната година се разгоре конфликтот со Курдската работничка партија (ПКК), соопшти Генералниот штаб на турските воени сили.

„Подлите напади против силите за безбедност и нашите невини граѓани го добиваат и ќе продолжат да го добиваат најрешителниот одговор", посочуваат вооружените сили.

Армијата нагласи дека при операциите во Нусајбин, во округот Мардин, досега се убиени 495 терористи и уништени 1256 упоришта. Во Шарнак пак, се ликвидирани 505 терористи и уништени 1566 упоришта.

Југоистокот на Турија, којшто е претежно населен со Курди, беше зафатен од судири кои можат да се оквалификуваат како најжестоките во последните две десетилетија, откако изгледите за примирје меѓу државата и ПКК јуни минатата година целосно пропаднаа.

ПКК се смета за терористичка организација од Европската Унија, САД и Турција.

XS
SM
MD
LG