Достапни линкови

Убиени припадници на службите за безбедност на Јордан


Тројца јордански разузнавачки офицери и двајца други припадници на безбедносните служби се убиени во напад на воодужено лице во простории на службата, северно од главниот град Аман, обајвија денеска јорданските медиуми повикувајќи се на владини претставници.

Медиумите известија дека „терористичкиот напад се случил во 7 часот наутро по локално време“, не изнесувајќи повеќе детали.

Портпаролот на Владата Мохамад ал – Момани изјави дека целта на нападот била канцеларијата на одделот за разузнавање во кампот Бака, во кој се наоѓаат околу 700.000 илјади палестински бегалци.

Јордан генерално е стабилна земја, опкружена со соседни земји зафатени од конфликти, вклучително Сирија и Ирак.

Службите за безбедност на земјата преземаа мереки против симпатизерите на групата на Исламската држава (ИД), откако групата стана позната во 2014 година.

Оваа година, неколку поддржувачи на ИД беа убиени во голема безбедносна операција во северниот град Ирбид.

XS
SM
MD
LG