Достапни линкови

logo-print

Уапсен Французин кој планирал 15 терористички напади на ЕУРО 2016


Шефот на украинската Служба за безбедност, Валсил Грицак.

Шефот на украинската Служба за безбедност, Валсил Грицак.

Украинската Служба за безбедност (СБУ) соопшти дека француски државјанин е уапсен во Украина, којшто минатиот месец планирал да изврши 15 терористички напади за време на Европското првенство во фудбал во Франција.

Шефот на СБУ, Валсил Грицак денеска изјави дека човекот имал за цел да разнесе муслиманска џамија, еврејска синагога, организција за наплата на даноци, полициски патролни единици и бројни други локации.

На 4 јуни украинската гранична полиција потврди дека францускиот државјанин со количество оружје и експлозиви бил уапсен овој месец на украинско-полската граница.

Грицак рече дека човекот „имал пет калашникови, повеќе од 5 илјади куршуми, две противтенковски гранати, 125 колограми експлозивен материјал, 100 детонатори и други работи.

Европските безбедносни служби се во состојба на зголемена готовност по нападите во Париз минатиот октомври, кога во терористички напади загинаа 130 луѓе, и по нпадтите во Брисел оваа година.

XS
SM
MD
LG