Достапни линкови

Грчката опозиција бара предвремени избори


Лидерот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Кириакос Мицотакис бара предвремени избори, оценувајќи дека „цената на нови избори е помала од задржувањето на сегашната левичарска Влада“.

Следната влада ќе ја има последната шанса за да ја насочи земјата на патот кон раст и развој, истакна Мицотакис.

Лидерот на Нова демократија се спротивстави на евентуалните масовни отпуштања на државни службеници, на намалувањето на износот на двете дополнителни плати со цел да се заштедат пари, но се согласи со промената на синдикалниот закон.

Експертите предупредуваат дека сето тоа е предвидено во рамките на новиот пакет мерки, што наесен треба да биде договорен со кредиторите во замена за следната транша од заемот на Грција.

Во септември сегашната Влада ќе се најде пред нов трагичен ќорсокак, прогнозираше Мицотакис во интервјуто за грчкото радио „Скај“, обвинувајќи ја грчката Влада, дека со нејзините избори ја турка земјата кон стагнација и банкрот.

XS
SM
MD
LG