Достапни линкови

Денеска рочиште за случајот Дива населба


Macedonia -- Supreme Court in Skopje, trial Divo Naselje

Macedonia -- Supreme Court in Skopje, trial Divo Naselje

Денеска, во големата сала на Врховниот суд треба да биде одржано судско рочиште против обвинетите за тероризам во случајот „Дива населба“.

Судењето претходно беше два пати одложувано, на 31 мај бидејќи судската полиција на Врховниот суд не им дозволи на адвокатите на обвинетите во процесот да влезат во салата, и на 27 мај поради болест на судијката Верка Петковска.

Судењето за „Дива населба“ ќе се одржува во големата сала на Врховниот суд, бидејќи во Основниот суд Скопје 1 нема просторни и безбедносни услови за одржување на судењето во кое има голем број обвинети.

Судот на почетокот на овој месец донесе одлука со овој предмет да јаспои постапката со случајот „Молња“, односно со логистичарите кои беа уапсени пред неколку месеци. За настаните од „Дива населба“ обвинети се 29 лица, а како логистичари осум лица.

XS
SM
MD
LG