Достапни линкови

logo-print

Клинтон се поблиску до номинација за претседателски кандидат


Хилари Клинтон победи на прелиминарните избори во американската територија Порторико и се приближи кон номинацијата на Демократската партија за претседателската трка. Клинтон, која се наоѓа во кампања во Калифорнија, на својот твитер профил се заблагодари на луѓето од островот за победата над нејзиниот ривал, сенаторот од Вермонт берни Сандерс. Со оваа победа и онаа од пред неколку дена на американските Девствени острови, на Клинтон сега и и требаат уште неколку десетици делегати за да ја добие номинацијата, за која се неопходни 2383 делегати. Кандидат на Републиканската партија за претседателските избори во ноември е Доналд Трамп.

XS
SM
MD
LG