Достапни линкови

Швајцарците го отфрлија предлогот за загарантиран месечен приход


Швајцарските гласачи го отфрлија воведувањето на загарантиран приход за сите граѓани и за оние кои живеат подолго време во таа земја. Гласачите го отфрлија предлогот на вчерашниот референдум со прашање дали прифаќаат сите швајцарски граѓани и странци кои законски престојувале најмалку 5 години, да примаат безусловен приход, а притоа да не мора да работат. Против предлогот гласале речиси 77 насто од гласачите.

Доколку беше прифатен, предлогот предвидуваше за секој возрасен човек минимални месечни примања од 2 илјади и 500 швајцарски франци, а за секое дете по 625 франци. Швајцарската влада беше против предлогот, бидејќи според неа за финансирање на таа мерка би било неопходно кратење на буџетот или зголемување на даноците.

XS
SM
MD
LG