Достапни линкови

Hесреќа на училишен автобус во Турција, 14 загинати


Четиринаесет лица загинаа, а над 20 се повредени при несреќа на училишен автобус во Османие, Јужна Турција, јави турската приватна телевизија НТВ. Турските медиуми соопштуваат дека шест од загинатите се ученици.

Автобусот, кој превезувал ученици, наставници и родители на децата на екскурзија, по пат на враќање паднал во канал за наводнување. При спасувачките операции пронајдени се 14 тела.

Се смета дека возачот на автобусот е исто така меѓу жртвите на сообраќајната несреќа.

Дваесет и шест лица се повредени во несреќата, од кои четворица се во критична состојба.

XS
SM
MD
LG