Достапни линкови

Романија: Според првичните резултати, левицата ги доби локалните избори


Кандидатката на социјалдемократите и Националната унија за напредок Габриела Фирја, ги доби локалните избори во Букурешт со над 40 проценти од гласовите, покажуваат три излезни анкети.

Се радувам за победата, но мојот проект е да имаме подобри училишта и болници, да го решиме проблемот со лошиот сообраќај во Букурешт и да имаме поголем простор за детските игри и паркови, и секако да го намалиме загадувањето, изјави Фирја, и ги поздрави жителите на Букурешт.

На второ место остана активистот Никушор Дан со 29 проценти од гласовите, јави БТА.

XS
SM
MD
LG