Достапни линкови

Во напади во Казахстан три жртви


Казахстанските власти соопштија дека најмалку три лица биле убиени, а 10 повредени откако вооружени лица извршиле одделни напади на продавница за оружје и воена база во западниот град Актобе. Меѓу загинатите е продавачот, како и офицер и војник додека се обидувале да ги сопрат напаѓачите.

Повредените лица исто така се припадници на безбедносните сили. Медиуми јавија дека еден од напаѓачите бил заробен, а тројца убиени за време на престрелката со безбедносните сили. Се уште не се знае мотивот за нападите.

XS
SM
MD
LG