Достапни линкови

Калуѓерка прогласена за светица


Папата Францис

Папата Францис

Католичката црква ги прогласи за светци, шведската калуѓерка Марија Елизбает Хаселблад и полскиот свештеник од 18 век, Станислаус Папчински. На церемонија во Ватикан, папата Францис ја канонизираше Хаселблад, поради тоа што им дала засолниште на Евреи во нејзиниот манастир во Рим за време на Втората Светска Војна.

Еден од Евреите кој бил спасен, 87 годишниот Пиеро Пиперно изјави дека таа им ги спасила животите и над се во тие мрачни времиња го препознала достоинството на нивната религија. Таа починала во рим во април 1957 година.

XS
SM
MD
LG