Достапни линкови

logo-print

Иран негира дека го поддржува тероризмот


Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Хосеин Ансари

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Хосеин Ансари

Иран ги отфрли обвинувањата од САД дека го спонзорира тероризмот, туку дека само ја поддржува легитимната борба на нациите кои се окупирани, по тврдењата во годишниот извештај на Стејт Департментот. Според извештајот, Иран го разгорува конфликтот во Сирија, Ирак и Бахреин.

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Хосеин Ансари посочува дека американската војска ги поддржува терористичките групи во Ирак, Авганистан, Сирија, Либија и Јемен. Според него, Вашингтон се прави слеп на пошироката политичка и финансиска поддршка на тероризмот од страна на Саудиска Арабија и другите сојузници.

XS
SM
MD
LG