Достапни линкови

Париз се стабилизира по поплавите


Животот во Париз полека се враќа во нормала, откако реката Сена по поплавите се повлекува во своето корито. Министерството за животна средина соопшти дека нивото на реката од дождовите пред два дена било на 6,1 метар, а сега е 5,77 метри.

Музеите Лувр и Орсеј се уште се затворени за посетители, како и некои други објекти по најголемата поплава која го погоди францускиот град во последните 30 години. Се очекува музеите да бидат отворени во престојните денови. Повеќе до 20 илјади луѓе беа евакуирани од Париз и долината Лоара. Штетата од поплавите се проценува на над 600 милиони евра.

XS
SM
MD
LG