Достапни линкови

Кина одговори на критиките за Јужното кинеско море


Кина го потврди својот суверенитет врз спорната територија во Јужното кинеско море во услови на тврдењата од американските власти дека Пекинг ќе се соочи со изолација доколку продолжи со милитаризација на областа. Кинескиот адмирал Сун Јиангуо говорејќи на безбедносна конференција во Сингапур изјави дека тие не сакаат да создаваат проблеми, но и не се плашат од нив.

Американскиот државен секретар Џон Кери за време на посетата на соседна Монголија изјави дека Пекинг не треба да продолжи со плановите за воспоставување на воздушна одбранбена зона над Јужното кинеско море, бидејќи, според него, таквиот чекор би бил провокација и би предизвикал дестабилизација.

XS
SM
MD
LG