Достапни линкови

Русија со предупредување за САД за ракетната одбрана


Рускиот заменик министер за одбрана Анатоли Антонов

Рускиот заменик министер за одбрана Анатоли Антонов

Русија ги предупреди САД да не ја користат нуклеарната програма на Северна Кореја како изговор за менување на воено-политичкиот баланс во регионот, вклучувајќи ги и плановите за распоредување на ракетни системи за одбрана.

Рускиот заменик министер за одбрана Анатоли Антонов говорејќи на конференција во Сингапур изјави дека е опасно кога една земја си обезбедува сопствена сигурност на сметка на останатите. Според него, Русија не се спротиставува на ракетните системи за одбрана, но упати критика кон САД за неодржување на дијалогот за тоа прашање.

XS
SM
MD
LG