Достапни линкови

Во бомбашки напади во Ирак 15 жртви


Во бомбашки напади во околината на ирачкиот главен град Багдад загинале најмалку 15 луѓе, а над 40 биле повредени. Властите соопштија дека целта на нападите бил контролен пункт, ресторант и два пазари. Најсмртоносниот напад се случил на воен пункт во Тармијах на околу 50 километри од Багдад, при што загинале 8 лица, а 15 биле повредени.

XS
SM
MD
LG