Достапни линкови

logo-print

Годишнина од крвавите протести во Кина


Безбедносните мерки се зајакнати на плоштадот Тиананмен во Кина по повод 27 годишнината од крвавите демократски протести. Медиумите јавија дека полицијата ги проверувала личните карти и чанти на граѓаните кои сакале да го посетат плоштадот во центарот на Пекинг каде во 1989 година се собраа илјадници студенти, работници и останататото население со цел да бараат политички реформи.

Стотици луѓе беа убиени од војската ноќта меѓу 3 и 4 јуни. Настанот и натаму е табу во Кина и било какава форма на комеморација за жртвите, јавна или приватна е забранета.

XS
SM
MD
LG