Достапни линкови

Одбраната не барала од СЈО запирање на постапки


Обвинителката Ленче Ристоска

Обвинителката Ленче Ристоска

Од адвокатското друштво Никола Додовски денеска демантираа дека побарале запирање на кривична постапка од страна на Специјалното обвинителство за осомничените функционери на ВМРО- ДПМНЕ кои тие ги застапуваат во случаите.

„Според Законот за кривична постапка одбраната нема обврска ниту потреба да поднесува барање за запирање на постапката во случаи на помилување, туку СЈО морало да донесе наредба за запирање на истрагите по службена должност и тоа е негова задолжителна законска обврска која настанала на 12 април 2016 година“, се наведува во писмената реакција.

Овинителката Ленче Ристоска од СЈО вчера изјави дека одбраната на дел од осомничените побарала запирање на постапките против нив.

XS
SM
MD
LG