Достапни линкови

Почина Мухамед Али на 74 години


Мухамед Али

Мухамед Али

Боксерската легенда Мохамед Али почина денеска на 74-годишна возраст во болница во градот Феникс во американската држава Аризона. Али почина по 32 години борба со Паркинсоновата болест. Али, кој е поранешен професионален светски шампион во тешка категорија, бил хоспитализиран во четвртокот поради проблеми со дишењето.

За време на неговата боксерска кариера Али, кој е роден како Касиус Клеј, забележа 56 победи, од кои 37 со нокаути, и пет порази. Тој е првиот боксер во историјата, кој успеа трипати да ја освои титулата светски шамион во тешка категорија.

XS
SM
MD
LG