Достапни линкови

Средношколците полагаат државна матура


Во сите средни училишта во Македонија денеска ќе почне полагањето државна матура, со тестирање по мајчин јазик (македонски, албански и турски) и литература, кој е задолжителен за сите пријавени кандидати. За македонски јазик и литература се пријавени 10.730 кандидати, за албански јазик и литература 5.424, а 428 ќе полагаат турски јазик и литература.

Државниот испитен центар соопшти дека државна матура годинава ќе полагаат вкупно 16.859 ученици, од кои 8.729 од гимназиско образование, 7.866 од средно стручно образование и 264 од средно уметничко образование.

XS
SM
MD
LG