Достапни линкови

Државното радио и телевизија на БиХ под закана од затворање


Задолжената Радио-телевизија Босна и Херцеговина (БХРТ) денеска соопшти дека на крајот од јуни ќе го прекине емитувањето на програмите доколку Владата и Парламентот во Сараево не можат да ги решат нејзините финансики проблеми, пренесоа американските медиуми.

Европската Унија за радиодифузија (ЕБУ) претходно изрази „длабока загриженост“ од ситуацијата со БХРТ, која е нејзина членка, и ги повика босанските власти под итно да преземат мерки за да спречат Босна и Херцеговина да стане првата земја во Европа без државно радио и телевизија.

БХРТ се финансира од претплатнички такси, што се собираат како дел од телефонските сметки. Приливот на средства секоја година се намалува заради масовното откажување од фиксните телефони и преминување кон мобилни.

Финансиската положба на БХРТ се влошува и заради значителното забавување на плаќањата од партнерските медиуми: Радио-телевизија на Република Српска и Радио-телевизија на Муслиманско-хрватската федерација.

Парламентот на 15 јуни треба да го разгледа новиот закон за собирање на претплатничките такси за државното радио и телевизија.

Во моментов БХРТ на Европската унија за радидифузија и должи приближно 5,5 милиони евра за правото за емитување спортски настани и други услуги, што им се даваат на земјите членки.

XS
SM
MD
LG