Достапни линкови

Рама: Косово и Албанија ќе се обединат под европско знаме


Албанскиот премиер Еди Рама денеска престојува во Приштина каде се одржува третата заедничка седница на владите на Албанија и Косово.

Тој изјави дека треба да се постават сеалбански национални темели во регионот.

Една земја, еден народ, еден заеднички сон, заедно ги трансформиравме границите од ендек во мост на соработка, која е посилна од ден на ден, рече Рама на седницата.

Говорејќи за правата на Албанците во српските општини Прешево, Медвеѓе и Бујановац, Рама рече дека тие права мора да се почитуваат, колку и правата на малцинствата во Косово и во Албанија.

Според него, обединувањето на Косово и Албанија ќе биде реализирано под европското знаме.

XS
SM
MD
LG