Достапни линкови

Турција ќе преземе дополнителни мерки против Германија


Турција вети дека ќе преземе дополнителни мерки откако германскиот Парламент ја донесе резолуцијата со која масовните убиства на Ерменците од страна на отоманските Турци во Првата светска војна, ги означи како геноцид. Турција веќе го отповика нејзиниот амбасадор од Берлин, а турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека Германија направила историска грешка којашто треба да ја поправи. Не е прецизирано кои дополнителни мерки ќе ги преземе Анкара, но Јилдирим додаде дека не треба да се очекува во целост да се влошат односите меѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG