Достапни линкови

Берлин: Германско-турските односи се доволни силни


Портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел, Штефан Зајберт изјави дека германско-турските односи се доволно силни за да ги издржат разликите во ставовите.

Зајберт ја даде изјавата еден ден откако германскиот Парламент ја разлути Анкара со признавањето на турскиот геноцид врз Ерменците за време на Првата светска војна.

„Односите меѓу Германија и Турција се мошне широки и мошне длабоки. Таквите врски можат и ќе можат да издржат какви било разлики во мислењето“, рече Зајберт.

XS
SM
MD
LG