Достапни линкови

Кривични пријави за седум демонстранти


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство (ОЈО) поднесе две кривични пријави против седум учесници на протестите во Скопје кои фрлале боја врз „значајно културно наследство.“

МВР денеска соопшти дека кривични пријави се поднесени против П.Б., М.З., И.М., С.С.К., А.Г. и Н.П. од Скопје и против А.К. од Охрид поради основан сомнеж дека учествувале во толпа што ќе изврши кривично дело.

МВР посочува дека првото кривично дело е извршено за време на одржување на ненајавени протести на 18 април 2016 година од 18 до 21 часот, организирани од страна на граѓанско здружение „Протестирам“ пред Министерство за култура, кое, како што се вели е значајно културно наследство.

П.Б. активно учествувал на протестот со намера да нанесе штета, употребил повеќе балони наполнети со боја, кои ги фрлал во правец на Министерството за култура и ги оштетил надворешните ѕидови – фасада на зградата.

Второто кривично дело од претходно пријавениот П.Б. и М.З., И.М., С.С.К., А.Г. и Н.П., извршено е на 30 мај годинава од 19 до 20 часот, за време на одржување на протест пред објектот „Порта Македонија“, лоциран на улицата „11 Октомври“, бр.4А – Скопје. Објектот, како што се наведува, е недвижно културно наследство-културен споменик, со што пријавените причиниле материјална штета околу 3.000 евра во денарска противредност.

XS
SM
MD
LG