Достапни линкови

logo-print

Најмалку тројца загинати мигранти во бродска несреќа кај Крит


Илустрација.

Илустрација.

Во спасувачката операција во потрага по жртвите од бродот што се преврте брод во близина на грчкиот остров Крит, досега се пронајдени тела на тројца мигранти, додека 302 се спасени.

Брод за едрење, на кој според некои извори имало околу 600 мигранти и бегалци, рано изутринава испратил СОС сигнал додека пловел во водите на Египет.

Египетските власти за тоа ги известиле грчките колеги, по што на местото на несреќата пристигнале два грчки патролни чамци, пет бродови кои пловеле во близина и грчки хеликоптер Супер Пума.

Спасувачката операција ја координира оперативниот центар на грчкото Министерство за поморска трговија.

Повеќето од спасените мигранти во моментов се на бродови кои пловат под норвешко знаме, а грчките власти се уште немаат одлучено во кое пристаниште ќе бидат одведени преживеаните.

XS
SM
MD
LG