Достапни линкови

logo-print

Кривични пријави против 26-мина демонстранти во Битола


Битолската полиција поднесе кривична пријава против 26 лица сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување туѓи предмети“, соопшти денеска МВР.

Пријавените во периодот од 17.04.2016 год. до 27.04.2016 година во четири наврати сториле кривично дело„оштетување туѓи предмети“ врз зградата на Општина Битола, објект кој е во евиденција на Студијата за културно- историско наследство на подрачје на Битола-споменик на културата. Пријавените одделно и во различни периоди со фрлање тврди предмети, употреба на боја и јајца, ја оштетитиле предната фасада од зградата на Општина Битола, а во еден настан оштетена е фасадата на балконот и влезната врата. Предизвиката материјална штета дополнително ќе биде утврдена со вештачење во натамошна постапка.

СВР Битола постапувајќи по барање од Основното јавно обвинителство, презеде оперативно-тактички мерки и активности и повика дел од пријавените лица. Се јавиле 16 лица, додека 9 лица не се обезбедени за обавување на службен разговор.

Врз основа на Закон за полиција чл.28 и чл.65, СВР Битола има обезбедено доказен матријал за поведување на кривична постапка, соопшти МВР.

XS
SM
MD
LG