Достапни линкови

СЈО очекува Иванов да овозможи реализација на правдата


Специјалното Јавно Обвинителство ги продолжува истрагите и очекува од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да овозможи целосна реализација на правдата. не смее да има селективен пристап, изјави на денешната прес конференција обвинителката Ленче Ристоска, која е и портпарол на СЈО. Таа нагласи дека сеуште немаат одговор од претседателот Иванов на прашањето од каде му се информациите за кои се лица се води предистражна постапка, кога тоа било тајна.

Ристоска нагласи дека СЈО ќе работи на тоа сите оние што го прекршиле законот да одговараат и кривично и материјално, односно дека ќе се соочат и со конфискација на нелегално стекнатиот имот.

На новинарско прашање за случајот со починатиот Коста Крпач, Ристоска рече дека тој сам се јавил во СЈО, имал намера да биде заштитен сведок, а исто така пријавил и дека се соочувал со закани.

XS
SM
MD
LG