Достапни линкови

СДСМ: Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО


Опозициската СДСМ бара од Уставниот суд итно да се произнесе за иницијативата околу уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство и одлуките за аболиција од страна на претседателот Ѓорге Иванов веднаш и целосно да бидат поништени.

Потпретседател на СДСМ, Дамјан Манчевски изјави дека СЈО мора да биде оставено независно да ја врши својата работа.

„Една од најголемите придобивки на Договорот од Пржино е формирањето на Специјалното јавно обвинителство“, изјави Манчевски додавајќи дека суштинската цел на постоење на СЈО е да се врати владеењето на правото.

XS
SM
MD
LG