Достапни линкови

Ердоган: Германската резолуција сериозно ќе ги загрози односите


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека германиската резолуција за геноцидот над Ерменците сериозно ќе се одрази на односите меѓу Берлин и Анкара.

И други високи турски претставници ја осудија Резолуцијата која германските пратеници едногласно ја усвоија, а со која турскиот масакр над Ерменците од 1915 година се признава како геноцид.

Турските претставници резолуцијата ја нарекоа сериозна грешка со оценка дека тоа ги става на проба односите меѓу двете земји.

Турција смета дека убивањето на Ерменците во текот на Првата светска војна не било геноцид.

XS
SM
MD
LG