Достапни линкови

logo-print

Полицијата пронајде 39 мигранти во Куманово


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Полициска патрола во кумановската населба Доброшане пронашла 39 мигранти, од кои 21 малолетно лице без документи за идентификација.

Од МВР информираат дека мигрантите биле пронајдени во напуштено товарно моторно возило „Форд Транзит“.

По наредба на Јавното обвинителство, три полнолетни лица мигранти ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје, до расветлување на настанот.

Останатите 36 мигранти ќе бидат вратени во Транзитниот центар во Гевгелија, а потоа ќе бидат вратени за Грција.

XS
SM
MD
LG