Достапни линкови

Германија ја усвои резолуцијата за геноцид врз Ерменците


Долниот дом на германскиот Парламент ја одобри резолуцијата за признавање на масовните убиства на Ерменците за време на Првата светска војна како „геноцид.“

Пратениците во Бундестагот денеска ја поддржаа симболичната резолуција за масакрот на 1.5 милиони Ерменци од страна на отоманските сили.

Резолуцијата на пет страници повикува на „сеќавање на геноцидот на Ерменците и другите христијански малцинства во 1915 и 1916 година.“

Гласањето става дополнителен притисок врз Договорот на ЕУ со Турција за бегалците, за кој германската канцеларка водеше силна кампања за решавање на бегалската криза.

Меркел ја вложи својата политичка иднина за договорот со Турција според кој Анкара се согласи да го запре приливот на бегалци во Европа во замена за пари, права за безвизно патување и забрзани преговори за членство во ЕУ.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неколку пати предупреди пред гласањето дека резолуцијата ќе ги наруши билатералните односи со Германија.

XS
SM
MD
LG